среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Меси го сруши рекордот на Пеле

ОФИЦИЈАЛНО: Меси го сруши рекордот на Пеле

Лионел Меси постигна гол против Валјадолид и го надмина рекордот на легендарниот Пеле, ѕвездата на Барселона сега е рекордер по број на постигнати погодоци во дресот на еден клуб.

Барселона го победи Валјадолид 3-0, Меси го собори рекордот на Пеле, Аргентинецот стигна до бројата од 644 гола во дресот на Барселона и го надмина Пеле кој запиша 643 како играч на Сантош.

Покрај Меси во листата на стрелците се запишаа Ленглет и Братвајт.