Пол Погба и дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во црно-белиот дрес на Јувентус, откако францускиот репрезентативец денеска и официјално ја прифати понудата за четиригодишна соработка со „старата дама“.
Погба ги мина најдобрите години од кариерата во дресот на Јувентус, по што за сума од 100 милиони евра беше продаден во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да го извлечат најдоброто од овој фудбалер, кој на крајот како слободен играч по истекот на договорот без никаква отштета се врати назад во Јуве.
Договорот е за загарантирана плата од осум милиони евра по сезона, плус бонуси врзани за освоените трофеи на Погба во дресот на Јувентус.