Дони Ван Де Бек (23) и официјално е нов член на Манчестер јунајтед. Холандскиот играч кој игра во средниот ред, потпиша петгодишен договор.
Ајакс од Манчестер за Ван Де Бек ќе добие околу 40 милиони евра. Копјаниците од Амстердам во 2019 година беа полуфиналисти во Лигата на шампионите, за малку не влегоа во финалето, а сега од тогашните стартери, останаа само петмина фудбалери, додека шест ѕвезди си заминаа.
Ван Де Бек има играно за Ајакс против неговиот но клуб и тоа во финалето на Лига Европа во 2017 година. Во минатата сезона имаше придонес од 10 гола и 11 асистенции на 37 меча.
„Дони ги има сите технички атрибути за да игра во нашиот тим, а има и карактер за да успее во Јунајтед. Знае да види празен простор, ја чита играта и ќе ни помогне во средината на теренот. Одвај чекаме да почнеме да работиме со него“ – изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер.