Пред неколку дена Анхел Ди Марија реши јавно да каже дека неговиот договор со Јувентус нема да биде продолжен.
Тој така реши да се прости од овој клуб, а веднаш почнаа шпекулациите за продолжување на неговата кариера.
Фабрицио Романо сега ексклузивно објави дека Аргентинецот има нов клуб, и дека се договорил со Бенфика.
“Бенфика го финализира потписот на Ди Марија. Се е во завршна фаза, треба да се завршат некои ситни детали.
Се ќе биде официјализирано во следните неколку дена. Тој прифати едногодишен договор и чека да потпише”. напиша Романо на својот Твитер профил.
35-годишниот аргентински интернационалец минатото лето пристигна како слободен играч од Пари Сен Жермен на едногодишен договор, а сега си заминува под слични околности.
EXCLUSIVE: Benfica are closing in on Ángel Di Maria deal, here we go soon! 🚨⚪️🔴🦅🇦🇷
Negotiations at final stages — just final details are missing to get it sealed and it will happen in the next days if all goes to plan.
Contract until June 2024 accepted, waiting to sign. pic.twitter.com/5sulR1hPW2
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 20, 2023