Реал Мадрид го официјализираше трансферот на англиската ѕвезда Џад Белингам. Се очекува бурно лето на „Сантијаго Бернабеу“ по заминувањето на неколку првотимци.
„Кралскиот клуб“ ќе ѝ плати обештетување од 103 милиони евра на Борусија Дортмунд за 19-годишниот Белингам, но сумата може да се искачи и на 133,9 милиони доколку бидат исполнети сите бонуси. Англискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Реал, а неговата официјална промоција ќе биде утре. Иако имаше исто така големи понуди од клубови од Премиерлигата, желбата на Белингам беше да го облече белиот дрес на шпанскиот гигант.
Тој е третото летно засилување за Реал по Фран Гарсија и Брахим Дијаз, кои всушност се вратија во својот поранешн клуб по неколку години минати во Рајо Валјекано, односно Милан. Се очекува Реал Мадри да продолжи со трансферите, а следно е сериозно засилување во нападот, кој би бил замена за Карим Бензема.