четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Пепе го продолжи договорот со Порто

ОФИЦИЈАЛНО: Пепе го продолжи договорот со Порто

Легендарниот фудбалски дефанзивец Пепе и во следната сезона ќе игра за Порто откако стави потпис на нов договор со португалскиот клуб.

Португалецот веќе има 40 години, но се уште игра на највисоко ниво и клубот не се мислеше многу за да ја продолжи соработката со него на уште една година.

Вчера тој и официјално стави потпис на нов договор со трајност до крајот на следната сезона.

„Секогаш ќе го давам најдоброто кога ќе го претставувам овој клуб“, изјави Пепе.