четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Олимпијакос ги казни фудбалерите со 400 илјади евра па го распушти тимот

Олимпијакос ги казни фудбалерите со 400 илјади евра па го распушти тимот

Сопственикот на грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос донесе одлука да се казнат играчите со околу 400.000 евра, а пота го распушти речиси целиот тим.

Одлуката на Маринакис доаѓа по незадоволството од двете ремија со ривалите Панатинаикос и Левадиакос и губење на титулата.
До крајот на грчкиот шампионат, тимот од Пиреја, ќе настапува главно со младинци.

– Одете слободно на одмор. Паметот ви е само во скапи куќи и автомобили. Потрошив многу пари, сменив три тренери и повторно друг ви е виновен, им порача „газдата“ на фудбалерите.

Маринакис најави дека парите од казната ќе ги пренасочи во млади фудбалери со цел градење нов тим во кој ќе играат оние кои го сакаат Олимпијакос.

На четири кола пред крајот на грчкиот шампионат Олимпијакос е на третото место зад лидерот АЕК.