Францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј ќе ги продолжи преговорите со Балотели за евентуално негов трансфер во зимскиот преоден рок, објави Скај Италија.
Напаѓачот на Ница, може да се пресели во Марсеј доколку се договорат финансиските услови кои беа пречка трансферот да се реализира пред почетокот на оваа сезона.
28-годишниот Италијанец во Ница е од 2016 година.
Пред доаѓањето во Лига 1 „Супер Марио“ настапуваше за Милан, Ливерпул, Манчестер Сити, Интер и Лумецане.