четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Омилениот играч на Карло Анчелоти погоди тераса наместо голот (ВИДЕО)

Омилениот играч на Карло Анчелоти погоди тераса наместо голот (ВИДЕО)

Првиот пораз на Реал, не е единственото нешто за кое се зборува, по синоќешниот меч против Рајо Ваљекано, во шпанската Ла Лига. Федерико Валверде беше главен актер во едно видео кое стана вирално.

Реал изведуваше корнер, кога топката дојде кај Валверде, високо, на работ од шеснаестникот и тој ја „пукна“ со цела сила во намера да постигне гол, секако. Арно ама, наместо тоа, топката извиши и не само што го надмина голот на Столе Димитриевски, туку и границите на стадиончето и заштитната мрежа, па слета директно во една тераса веднаш над стадионот.

Публиката со овации го проследи овој момент и викаше „задржи ја“, на новио сопственик на топката. Ден подоцна, низ социјалните мрежи излегол и оглас со опис „се продава топката која Феде Валверде ја прати во мојот дом“, за 200 евра.