четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Она што Де Брујн го направи синоќа за Белгија, ретко кој фудбалер би го сторил

Она што Де Брујн го направи синоќа за Белгија, ретко кој фудбалер би го сторил

Кевин де Брујн не успеа да ја однесе Белгија во полуфиналето на Европското првенство.

„Црвените ѓаволи“ вчера беа поразени од Италија во Минхен со 2:1, а соништата на Белгијците за освојување на Европското првенство повторно пропаднаа.

Одличниот играч за врска на Манчестер Сити не го одигра овој натпревар на начинот на кој знае како, а причината за тоа е повредата што ја заработи.

Иако му беа искинати лигаментите на зглобот, Де Брујн реши да го одигра натпреварот со Италија и со тоа ризикуваше уште посериозна повреда.

„Му благодарам на медицинскиот персонал кој заврши одлична работа за да можам да играм и покрај тоа што ми беа искинати лигаментите на зглобот“, рече Де Брујн по овој натпревар.

Манчестер Сити сигурно нема да биде премногу задоволен од информацијата дека Де Бурин играл повреден.

Сепак, тој очигледно беше подготвен да го преземе целиот ризик и да се обиде да го одведе својот тим во полуфиналето, но не успеа во тоа.

Малку се играчите кои би се решиле на ваков потег, а КДБ очигледно сакаше трофеј наменет за најдобрата европска екипа, но на крајот тој и неговите соиграчи мораат порано да си одат дома.

Де Брујн е во фаза на опоравување од повредата и ќе видиме дали е подготвен да ја започне новата сезона во англиската Премиер лига.