среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Онана бесмислено се удри во двајца ривали: Дали Волвси се оштетени за пенал? (ВИДЕО)

Онана бесмислено се удри во двајца ривали: Дали Волвси се оштетени за пенал? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го добија првиот дуел во новата сезона на Премиер лигата против Вулверхемптон (1-0). Сепак, средбата на „Олд Трафорд“ ја одбележа момент од судиското надополнување.

По еден центаршут, Андре Онана бесмислено скокна, ја промаши топката и се удри во Калајџиќ и Досон. Иако немаше контакт со топката и судирот беше чисто невнимание на голманот, ВАР собата одреди дека нема елементи за најстрога казна.

Во Вулверхемптон беа во најмала рака бесни. Први бидејќи ова се случи во последните секунди од натпреварот, а второ бидејќи во многу вакви случаи судиите покажуваат на белата точка. Факт е дека Онана како голман има предност и „заштита“ во својот простор, меѓутоа тој бесмислено налета на двајца противници и целосно ја промаши топката.

Видеото погледнете го ТУКА