понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Опасно тврдење: Њукасл ќе има 300 милиони фунти во јануари!?

Опасно тврдење: Њукасл ќе има 300 милиони фунти во јануари!?

Поранешниот репрезентативец на Англија, Џо Кол уверува дека Њукасл во зимскиот преоден рок ќе може да потроши од 200 до 300 милиони фунти за нови засилувања.

Со новите сопственици, кои не се задоволни од резултатите и позицијата на тимот во моментов, екипата ќе биде сериозно засилена.

„Тие ќе потрошат од 200 до 300 милиони фунти во јануари. Новите сопственици не се тука да си играат играчки, тоа ќе го видиме во јануари, ќе ангажираат најмалку четири звучни засилувања а потоа се ќе биде поразлично.“ – вели Кол.