Искусниот 74 годишен фудбалски стратег Оскар Табарез доби отказ од селекторската позиција во фудбалската репрезентацијата на Уругвај по цели 15 години поминати на чело на оваа селекција.
Ваквата информација ја потврдија од Фудбалскиот сојуз на Уругвај од каде му изразија благодарност на стратегот за неговиот ангажман сите овие години наназад.
Четирите порази по ред во квалификациите за Светското првенство му пресудија на Табарез кој на 74 години сега останува без тренерски ангажман.
Уругвај во моментов се наоѓа на 7. позиција во квалифиакциската табела и е надвор од зоната на репрезентации кои би обезбедиле учество на Светското првенство што ќе се одржи во Катар.
Табарез како селектор со Уругвај ја освои Копа Америка во 2011 година, а три пати со ред учествувал на Светските првенства.