сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Османи: Продолжуваме без притисок против Салцбург

Османи: Продолжуваме без притисок против Салцбург

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи по ремито без голови во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против Шериф во Тираспол изјави дека сега продолжуваат во Европа без притисок.

– Ова е голем успех и сите во клубот сме радосни. Елиминиравме квалитетен тим и ја реализиравме нашата цел. Можеби игравме дефанзивно ориентирани, но, сепак, имавме предност од првиот меч и успеавме да ја сочуваме. Сега продолжуваме без притисок против Салцбург, рече тренерот на Шкендија по мечот.

Првиот дуел помеѓу Салцбург и Шкендија ќе се одигра на 8 август на „Ред Бул Арената“ со почеток од 19:00 часот, а реваншот е на 14 август на Градскиот стадион во Скопје.

МИА