Како што информираат од ФФМ, Комисијата за лиценцирање ја заврши постапката и им издаде лиценци за евро настап на седум прволигашки клубови и на Силекс за сезоната 2022/23.
Ова значи дека Шкупи, А. Пандев и Шкендија нема да имаат никаков проблем да играат на евро сцената ова лето, исто како и Силекс или Македонија ЃП кои во петок во финалето во Купот на Македонија ќе го дадат последниот наш европски претставник.
Покрај овие пет клубови, лиценци добија и Работнички, Струга ТЛ и Ренова.