Капитенот на фудбалска репрезентација Горан Пандев попладнево го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација. Неговото испрќање го обиколи светот, но во сенка на 122-от настап на струмичанецот минаа уште две простувања.
Станува збор за Крсте Велкоски и Иван Тричковски, кои се меѓу највозрасните во оваа селекција, предводена од капитенот.
Последен пат на клупата на нашата репрезентација седеше и Игор Ангеловски, кој заминува на 31 јули на крајот од својот договор на шест месеци, кој беше продолжен во јанури годинава
.