Напаѓачот на Вест Бромвич албион, Џеј Родригез, освен со погодокот кој на неговиот тим викендов му донесе победа против Манчестер јунајтет, беше во фокусот на британската јавност и поради обвинувањата на фудбалерот Гаетан Бонг од Брајтон дека го навредувал на расна основа.
Фудбалската федерација на Англија денеска го ослободи Родригез од обвиненијата и соопшти дека било одлучено да се отфрли случајот поради немање на докази.
– За мене и моето семејство тоа беше многу тешко, бидејќи ова е чувствителна тема. Секогаш верувам дека вистината мора да излезе на виделина. Сега можам да продолжам нормално со животот, истакна фудбалерот на Вест Бромвич.
Наводниот инцидентот меѓу Родригез и Бонг се случи на 13 јануари на натпреварот меѓу Вест Бромвич и Брајтон.