Лионел Меси ја напушти Барселона и во новата сезона ќе игра во дрим-тимот на ПСЖ, а по неговото претставување газдата на клубот од Париз истакна дека размислуваат за проширување на стадионот.
Стадионот на ПСЖ има капацитет од неполни 50.000 гледачи и тоа премалку кога во тимот имате ѕвезди како: Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос, Донарума, Хакими, Верати…Едноставно „Паркот на принцовите“ е претесен за сите кои сакаат на дело да ги видат своите миленици.
АЛ Келаифи најави дека ќе разговара со градоначалничката на Париз за проширување на капацитетот на стадионот.
„Нашиот стадион „Паркот на принцовите“ во овој момент е многу мал. Мора да разговараме со градоначалничката Ана Хидалго за проширување. Го сакам стадионот, но тој мора да се прошири, тоа е важно за иднината. Секој ваков клуб треба да има барем 80.000 навивачи на својот стадион“, порача Келаифи.