Тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер е разочаран откако клубот од Амстердам прифати да го продаде Антони на Манчестер јунајтед во рекорден трансфер вреден 100 милиони евра.
Ајакс денеска даде зелено светло за продажба на Антони, последните информации велат дека се работи за трансфер од 95+5 милиони евра.
Медиумите од Холандија велат дека техничкиот директор Гери Хамстра, неговата десна рака Клас Јан Хунтелар и тренерот Алфред Шројдер биле против продажба, но лидерите на Ајакс инсистирале дека сумата која е на маса е премногу висока за да се каже НЕ.
Алфред Шројдер по мечот против Утрехт изрази разочарување од одлуката да се продаде Антони.
„Денеска се е за пари, тоа е тажно, но таков е нашиот свет. Навистина е тажно и не ги одобрувам работите кои ни се случуваат“ – рече тренерот на Ајакс.