вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Отказ за селекторот кој им донесе светска титула на шпанските фудбалерки

Отказ за селекторот кој им донесе светска титула на шпанските фудбалерки

Шпанската фудбалска федерација објави дека го раскинува договорот со селекторот на женската репрезентација, Хорхе Вилда. 42-годишниот стратег ги предводеше шпанските девојки до првата историска титула од Мундијалите, но добива отказ неполн месец по овој голем успех.

Оваа одлука доаѓа како резултат на скандалот што изби со претседателот на федерацијата, Луис Рубиалес, кој во уста ја бакна репрезентативката Џени Хермосо на прославата по финалниот натпревар.

ФИФА му изрече привремена суспензија на Рубиалес, а отказот за селекторот доаѓа од новото законодавно тело, формирано пред само една недела.

Во официјалното соопштение не се споменува горенаведениот скандал, туку едноставно федерацијата „се заблагодарува за сите успеси на досегашниот селектор Вилда и му посакува многу среќа во иднина“.

Шпанската јавност е убедена дека прекинот на соработката доаѓа поради несогласување со федерацијата и жали што во овие историски моменти, се случуваат вакви несфатливи скандали.