четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Откриена последната аудио порака од Марадона: Чувај го мојот ангел (Видео)

Откриена последната аудио порака од Марадона: Чувај го мојот ангел (Видео)

Диего Армандо Марадона имал навистина нарушена здравствената состојба неколку дена пред неговата смрт и последните информации велат дека не излегувал од својата соба последните 48 часа, а во моменти кога се врши и истрага за можна медицинска негрижа од луѓето кои биле задолжени за неговото здравје, аргентинските медиуми во јавноста го објавија и последниот аудио разговор кој е достапен за јавноста.

Станува збор за телефонски разговор, односно говорна порака која Дон Диего во последните денови од својот живот му ја испраќа на Марио Баудри, човек кој во овој момент е во врска со неговата поранешна сопатничка, Вероника Охеда.

Марадона има едно дете со Вероника и станува збор за неговиот најмлад наследник (седумгодишниот Диего Фернандо), со кого всушност Дон Диего го видовме заедно на еден од последните натпревари пред трагичниот 25-ти ноември.

– Здраво Марио, зборува Диего. Знам дека ова ќе ти изгледа неверојатно, но гледам дека Веро е многу добра, ми кажа дека е со тебе.

– Чувај го и мојот ангел кој е неспоредлив со било што. Имам многу деца, но овој е посебен. Ти испраќам прегратка, – гласи пораката на Марадона која јавноста во Аргентина ја толкува и како проштална од страна на големиот Дон Диего.