сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Откриена статуа на Арсен Венгер пред стадионот на Арсенал

Откриена статуа на Арсен Венгер пред стадионот на Арсенал

Бронзена статуа на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер (73), како го подигнува трофејот во Премиер лигата, е поставена пред клупскиот стадион во северен Лондон.

Францускиот стратег остави голем печат на клупата на Арсенал, освојувајќи три англиски титули и седум трофеи во ФА купот, во периодот од октомври 1996 до мај 2018 година.

Венгер го предводеше Арсенал на 1235 натпревари, а со лондонската екипа настапуваше 20 сезони во серија во Лигата на шампиони.

Три и пол метри високата статуа со ликот на Венгер ја изработи Џим Гај и е пред трибината „North Bank“.

Ова е петта статуа пред стадионот на Арсенал. Претходно статуи добија легендарните фудбалери на лондонскиот премиерлигаш – Тони Адамс, Денис Бергкамп, Герберт Чепмен, Кен Фрајр и Тиери Анри.  (МИА)