Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство (ЕП) во фудбал, ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со Ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина.
Тој денеска на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи.
– Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал.
Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.