Американскиот ESPN го направи најдобриот состав на светот составен исклучиво од играчи на кои договорот им истекува на лето и ќе можат да бидат доведени бесплатно, доколку во меѓувреме не го продолжат договорот.
ESPN го стави во срцето на средниот ред, на позицијата последен играч од средниот ред Хрватот Брозовиќ, а пред него ги турна светскиот шампион Пол Погба и скапоцениот камен на Милан, Франк Кеси.
На голот на оваа екипа е голманот на Тотенхем, Хуго Лорис. На позицијата лев бек е Марсело од Реал, додека на спротивната страна е скапоцен камен на Ајакс, Нусаир Мазрауи, што е голема желба на Арсенал. Во средината на одбраната е германскиот двоец Рудигер-Суле.
Очекувано, најголем дел од ѕвездите се во нападот. Килијан Мбапе, пишува ESPN, Реал речиси се договорил, а Осман Дембеле најверојатно нема да го продолжи договорот со Барселона.
Капитенот на Јувентус, Дибала би можел да дојде во Тотенхем две години откако трансферот очајно пропадна, се вели во написот.