четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Оваа изјава на Меси ја разбесни Аргентина: Промаши пенал на Мундијалот, а потоа уште еднаш ги шокираше сонародниците

Оваа изјава на Меси ја разбесни Аргентина: Промаши пенал на Мундијалот, а потоа уште еднаш ги шокираше сонародниците

Иако Аргентина на почетокот на Мундијалот успеа да стигне само до бод после ремито со Исланд, па јавноста во оваа земја е разочарана, трагичар на мечот беше Лионел Меси, кој промаши пенал на споменатиот натпревар, ја изненади јавноста со изјава.

Тој кажа дека е задоволен од мечот, како и дека Аргентинците во одбраната одиграле над очекувањата.

-Дефанзивно бевме спектакуларни, кажа тој и со тоа дополнително ја разбесни јавноста.

Аргентинските медиуми иронично пренесуваат дека тоа е последица на стресот поради пеналот кој го промаши.

Репрезентацијата на Аргентина во наредните кола ќе има можност за поправен во мечовите против Нигерија и Хрватска.