вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Овие спортисти заработиле најмногу во 2019-та: Фудбалери наплатиле над 100 милиони долари, а третиот изненади

Овие спортисти заработиле најмногу во 2019-та: Фудбалери наплатиле над 100 милиони долари, а третиот изненади

Откако заврши 2019 година, станаа јасни најголемите „победници“ во светот на спортот, барем во однос на заработените пари во последните 365 дена. И за прв пат по години, топ 3 е се окупирани целосно од претставници на светскиот фудбал.

Изненадувачки или не, Лионел Меси е на врвот со најголема заработка, според британскиот таблоид „Сан“. Иако Кристијано Роналдо заработува најмногу пари од спонзори и објави на Инстаграм, „Ла Пулга“ е пред него откако заработил 127 милиони долари за минатата година.

На второ место е Португалецот, чија банкарска сметка порасна за 109 милиони долари. Интересен факт е дека од постовите на социјалните мрежи (претежно на Инстаграм) тој заработил повеќе пари отколку од неговата плата во Јувентус, што е околу 30 милиони евра.

Изненадувачки трет на рангот е Нејмар, кој не е особено запаметен по играњето на теренот, туку по скандалите во кои се најде, вклучително и по обвиненијата за силување (што се покажаа како невистинити). Сепак, за 2019 година, тоа оствари приход од 105 милиони долари.

Првиот претставник на професионален бокс во рангот е Канело Алварез, кој со своите 94 милиони долари е под број 4 на престижниот ранг.

Веднаш по него е Роџер Федерер со заработка од 93,4 милиони долари.

Еве го целосниот ранг:

1. Лионел Меси (Фудбал) – 127 милиони долари

2. Кристијано Роналдо (Фудбал) – 109

3. Нејмар (Фудбал) – 105

4. Канело Алварез (Бокс) – 94

5. Роџер Федерер (Тенис) – 93.4

6. Расел Вилсон (Американски фудбал) – 89,5

7. Арон Роџерс (Американски фудбал) – 89.3

8. Леброн Џејмс (Кошарка) – 89

9. Стеф Кари (Кошарка) – 79,8

10. Кевин Дурант (Кошарка) – 65.4

(МИА)