четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОВОЈ ПЕНАЛ МОРА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ: Алиоски за водство на полувреме!

ОВОЈ ПЕНАЛ МОРА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ: Алиоски за водство на полувреме!

По првите 45 минути на Национална арена „Тодор Проески“, македонската фудбалска репрезентација има водство над Казахстан со 1:0. Стрелец на голот е Езгијан Алиоски од пенал во 35. минута.

Пеналот беше досуден по извонреден продор на Елиф Елмас врз кого гостите направија прекршок во шеснаесетникот.

Тимот на селекторот Игор Ангеловски во второто полувреме покрај водство, ќе има и играч повеќе, откако во судиското надополнување од првиот дел, Серикзан Мужиков доби директен црвен картон поради груб старт.

Ова е втор подготвителен натпревар за македонските фудбалери кои по девет дена ќе го имаат премиерниот настап на Европското првенство.

ВИДЕО: ДРИБЛИНК.МК