Во германската репрезентација се уште веруваат дека Месут Озил и Сами Кедера ќе го покажат својот најдобар фудбал на Светското првенство.
Ѕвездата на Арсенал целосно разочара по првиот меч против Мексико, а потоа беше седнат на клупата против Шведска.
– Убеден сум дека ќе ни треба Месут, изјави Марко Ројс, кој играше на неговото место против Скандинавците.
Од истата причина, Сами Кедира го изгуби своето место меѓу стартерите.
– За време на вчерашната тренинг сесија, и двајцата реагираа на ова со одлични перформанси. Турнирот е долг, а фактот дека еден меч беше оставен резерва, не значи ништо, увери помошник на Јоаким Лев – Маркус Зорг.
Во среда, Бундестимот ќе се соочи со Република Кореја во битка за место во осминафинале.
Во исто време играат Шведска и Мексико, а на крајот можно е да се гледа и гол-разликата за да се дознаат патниците во елиминациската фаза.
МИА