петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Озил останува надвор од комбинација за натпреварите во Премиер лигата?

Озил останува надвор од комбинација за натпреварите во Премиер лигата?

Постојат големи шанси плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил, да остане надвор од групата на „топџиите“ од 25 играчи кои Микел Артета може да ги користи во Премиер лигата. Откако вчера го финализираа трансферот на Томас Партеј, лондонскиот тим веќе има 19 играчи кои немаат статус на локалци, при 17 дозволени такви.

Според правилата на Премиер лигата, секој клуб мора да достави список од 25 играчи до 20 октомври. Ова значи дека двајца од странците мора да отпаднат. Клубовите од Премиер лигата сепак можат да склучуваат зделки за трансфери со оние во пониските дивизии, но тешко дека кој било од играчите може да биде продаден на ваков тип на тим.

Според Мирор, Озил може да биде еден од двајцата играчи кои ќе бидат жртвувани од Артета, иако Германецот, кој има договор за уште една сезона, добива највисока плата на „Емирати“ – 350.000 фунти неделно. (МИА)