четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Падна договор: Зијеш е нов соиграч на Роналдо!

Падна договор: Зијеш е нов соиграч на Роналдо!

Репрезентативецот на Мароко, Хаким Зијеш ги договори личните услови со Ал Наср од Саудиска Арабија, па се очекува наскоро да биде промовиран како ново засилување.

Зијеш ќе потпише договор до јуни 2026 година, а засега не се открива неговата плата во новиот тим.

Ал Наср претходно постигна договор и со Челси, кој долго време бараше клуб за мароканскиот репрезентативец.

Крилниот напаѓач во јануари беше на праг да се пресели во ПСЖ на позајмица, но поради проблеми со документите остана во Лондон.