Фудбалската федерација на Алжир објави дека ќе биде домаќин на натпреварите на Палестина и ќе ги покрие сите трошоци за нивно организирање.
По настаните поврзани со израелско-палестинскиот конфликт, одржувањето на спортски настани на оваа територија е невозможно. Додека средбите на Израел се одложени, Палестина може да смета на поддршката на Алжир.
Палестинската федерација изрази желба да ги пресели своите натпревари во Алжир, а федерацијата на оваа африканска земја го официјализираше договорот.
„По барањето на претседателот на Палестинската фудбалска федерација, Џибрил Раџуб, ФАФ одлучи да биде домаќин на сите официјални и неофицијални натпревари кои спаѓаат во рамките на подготовките на палестинската фудбалска репрезентација за квалификациите во 2026 година“, се вели во соопштението на Алжирската фудбалска федерација.
Првиот натпревар на Палестива во Алжир ќе с еодигра на 21 ноември, кога Палестина ќе се соочи со Австралија во квалификациите за Светското првенство.