Палмеираш го совлада Ал Ахли со 2-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство што се одржува во Абу Даби.
Јужноамериканскиот шампион ја докажа својата класа и благодарение на головите на Рафаел Веига во 39.минута и на Дуду во 49.минута обезбеди финале на турнирот.
Таму ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу европскиот првак Челси и азискиот шампион Ал Хилал, што е закажан за утре од 17:30 часот.