Фудбалерите на Парма славеа гостинска победа кај Козенца 3.1, во 32.коло во Серија Б. Македонската легенда, Горан Пандев, одигра 68 минути, тој беше асистент за првиот гол.
Пандев, во деветтата минута му асистираше Бернабе. Предноста на Парма ја зголеми Данило на почетокот на вториот дел.Ларивеј намали во 75., а конечните 1:3 ги постави Бернабе.
Парма со 42 бода се наоѓа на 13.место во Серија Б.