Македонија денеска од 18 часот го игра последниот меч на Еуро 2020 против Холандија, а капитенот Горан Пандев пред последната прес-конференција во Амстердам се пошегува на сметка на кока-кола, откако пред неколку дена Кристијано Роналдо ги тргна шишенцата од пред него и така ги урна акциите на компанијата за четири милијарди долари.
Со потегот на Роналдо се пошегуваа и останати фудбалери, а сега и македонскиот капитен кој на останатите им кажа што мислат за идејата да ги тргнат кока-колите, а на тоа место да стават Струмка.
Акциите на Струмка скокнаа за дополнителни 10,5 милиони €! 📈 pic.twitter.com/a52j4jzpH8
— Team Macedonia (@PrvaLigaMK) June 21, 2021