Во пресрет на натпреварот Италија и Македонија, за италијанските медиуми зборуваше македонската фудбалска легенда Горан Пандев.
„Отсуството на Елмас е предност за Италија бидејќи тој е клучен во играта на Македонија. Доколку играше, навистина ќе беше најголема опасност кон „аѕурите“. Ситуацијата во Италија е поинаква, тимот може да си дозволи да изостави играч како Балотели. Во Италија има многу млади играчи, како и дел од тие кои дојдоа до трофејот на Европското првенство. Споредено со ситуацијата пред 20 години, кога дојдов во Италија, самото техничко ниво на Серија А пониско. Поради тоа, многу повозрасни играчи како мене, Ибрахимовиќ, Кјелини или Кваљарела сè уште може да играат многу добро“, изјави Пандев.