петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев главен фаворит за спортист на годината според АМС

Пандев главен фаворит за спортист на годината според АМС

Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги објави номинациите за најдобри во 2020 година, а главен фаворит на овој избор да го понесе признанието е капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на италијанска Џенова, Горан Пандев.

Пандев за најдобар за изминатата година ќе се бори со Дејан Георгиевски (таеквондо) и Емил Павлов (карате).

Кај дамите, за најдобри номинирани се Вероника Костовска (карате), Дрита Ислами (атлетика) и Рејчел Стојанов (ритмичка гимнастика).

За млад спортист на годината двајца се од боречките спортови – Роберто Ацковски (карате) и Адријан Аземи (бокс), исто така номиниран е и Димитар Јовановски (тријатлон), додека кај млада спортистка, номинирани се Магдалена Божиновска (карате), Сара Велкова (фудбал) и Александра Симева (тенис).

За најуспешен национален тим, номинирани се Фудбалската репрезентација, одбојкарите и ракометарите, а кај науспешните спортски федерации се Фудбалската федерација, Таеквондо, Карате-федерацијата, Ракометната федерација и Одбојкарската федерација на Македонија.

Во конкуренција за најуспешен тренер, номинирани се Игор Ангеловски (фудбал), Борче Костовски (таеквондо) и Сашко Арсовски (карате), додека кај науспешни спортисти кај лицата со инвалидитет има две номинации, Владимир Тркаљанов (шах) и Андреј Стојановски (пливање).

foto : ekipa.mk