недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев го постигна најчудниот гол во кариерата за победа на Џенова (ВИДЕО)

Пандев го постигна најчудниот гол во кариерата за победа на Џенова (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација одлично се снајде во 86. минута и во пад со гради постигна победнички гол за својот тим против Сасуоло.

Горан Пандев одигра одличен меч и со гол во самиот финиш и донесе победа на Џенова против Сасуоло од 2:1.

Капитенот на македонската репрезентација одлично се снајде и во пад со гради ја затресе мрежата на Косилји, постигнувајќи го веројатно и најчудниот гол во кариерата.