Македонската фудбалска легенда Горан Пандев најави дека ова за него ќе биде последната сезона по што ќе објави крај на кариерата, но сега се вели дека постои можност да се предомисли.
Пандев во јануари пристигна во Парма и потпиша договор до крајот на оваа сезона. Тој поради повреди настапи само на 11 меча, имаше еден гол и една асистенција.
Тој сака да замине во пензија со подобар учинок и размислува да игра уште една сезона во дресот на Парма.
А кога се знае дека во тимот е Џиџи Буфон кој е значително постар од Пандев, голема е веројатноста Македонецот да ја пролонгира пензијата за уште една сезона.
Се очекува до крајот на овој месец да се знае конечната одлука на Пандев.