Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев тврди дека направил грешка со одлуката да продолжи да игра фудбал и оваа сезона.
Тој минатиот месец премина во Парма, а на крајот од оваа сезона дефинитивно ќе замине во пензија.
-Кога ќе помислам на Џенова навистина ме боли, четири дена не можев да заспијам откако направив трансфер во Парма. Во Џенова направија да почувствувам дека не сум им потребен веќе, ја сфатив пораката и донесов одлука која ќе направи повторно да се чувствувам жив. Видов таму дека луѓето се среќни што заминувам. Кога им кажав за понудата од Парма, никој од челниците не ми рече остани, помогни им на момците. Ми рекоа, ако си решил да си одиш, оди си. Видов дека сакаа да се ослободат од мене. Последните месеци чувствував дека сум товар во клубот. Исто се однесуваа и со другите постари играчи. Овојпат навистина е готово, ќе се пензионирам по крајот на оваа сезона. Можеби згрешив што не се пензионирав по крајот на Европското првенство, но сакав кариерата да ја завршам пред навивачите на Џенова, изјави Пандев.