Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев се обврза на уште една сезона верност со Џенова, на голема радост на навивачите на тој клуб.
Гранде Горан Пандев откако најави дека дефинитивно се повлекува од националниот дрес на Македонија, беше прашање на време кога ќе каже дали заминува дефинитивно во пензија или ќе игра уште една сезона.
Во последното интервју, Македонецот истакна кој бил клучниот фактор за продолжување на соработката со Џенова.
„Горд сум што уште една сезона ќе го носам овој дрес. Сакам да му заблагодарам на претседателот на клубот, тренерот и стручниот штаб, моите тимски колеги и сите навивачи на клубот. Поради вашата поддршка, ме убедивте да останам уште една сезона. Со нетрпение ја чекам новата сезона на „Луиџи Ферарис“, напред Џенова“, порача Горан Пандев.