Сузана Родригез е надалеку позната во својата родна Шпанија и во изминатиот период беше специјален гостин во најпознатите спортски емисии, сето тоа како резултат на златниот медал кој го освои на Параолимписките игри во Токио.
Родригез како шампионка во триатлон заслужено доби медиумска популарност во Шпанија, а вечерва беше поканета од Флорентино Перез за отворање на дербито на колото во Примера.
Сузана го изведе почесниот удар пред натпреварот меѓу Реал Мадрид и Вилјареал и со истиот ги изнасмеа сите присутни на „Бернабеу“, вклучувајќи се и себеси.
Харизматичната Родригез го загуби чевелот во моментите кога ја шутна топката, но затоа тука беше џентлменот Бензема кој и помогна на Сузана и воодушеви со својот потег на теренот.