среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Паредес е повреден и нема да игра со Манчестер јунајтед

Паредес е повреден и нема да игра со Манчестер јунајтед

Играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес се повреди во 7. коло од францускиот шампионат против Нимс. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец го повреди десниот бутен мускул и беше заменет веќе во 11-та минута.

Според „Л’Екип“, Паредес нема да може да учествува на утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Оваа сезона, Паредес настапи на четири првенствени натпревари во Франција и заработи еден црвен картон.