Доцна синоќа бројни странски медиуми најави уште една трансфер-бомба ова лето.
Кристијано Роналдо не сака повеќе да го носи дресот на Јувентус и наводно е пред потпис со Манчестер Сити.
Според островските медиуми, агентот на португалскиот фудбалер, Жорж Мендеш, веќе на маса ја има првата понуда од „граѓаните“, откако претходно од раководството на Јуве добил „зелено-светло“ за преговори.
Наводно, Роналдо ќе добие вистинско богатсво ако се пресели на „Итихад“. Се шпекулира дека неговата плата ќе изнесува половина милион седмично, односно некаде околу 583.000 евра.
Ова ќе го направи најплатениот играч не само во редовите на Манчестер Сити, туку и во Премиер лигата.
Во секој случај, остануваат уште неколку дена за да се заврши сè, бидејќи преодниот рок трае до 31 август.