Францускиот вицешампион Пари Сен Жермен пред вечерашната пресметка против Стразбур ги претстави летните засилувања пред полните трибини на „Паркот на Принцовите“.
Ашраф Хакими, Џини Вајналдум, Џиџи Донарума, Серхио Рамос и Лионел Меси беа поздравени од навивачите, а најмногу внимание доби аргентинскиот репрезентативец. Фановите го скандираа името на Меси, едноставно се уште не можат да поверуваат дека тој иднина ќе настапува во нивниот омилен клуб.