петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Партизан и Бодо се пласираа во осминафиналето од Конференциската лига

Партизан и Бодо се пласираа во осминафиналето од Конференциската лига

Партизан со 2-1 го победи тимот на Спарта Прага во Белград и со вкупни 3-1 избори место во осминафиналето на Конференциската лига.

Рикардо беше во центарот на вниманието, тој ги даде двата гола за Партизан во првото полувреме, а во 66. минута доби и втор жолт картон по што беше исклучтен. Спарта Прага намали преку Хлозек во 85. минута, но тоа беше се што направи чешкиот тим на овој двомеч.

Во осминафиналето ќе игра и Бодо/Глимт кој го победи Селтик со 2-0 и со вкупни 5-1 оди понатаму. Лестер славеше уште една сигурна победа над Рандерс, овој пат на гостински терен со 3-1. Вкупниот резултат е 7-2 за англискиот тим.

Мечот меѓу Макаби Тел Авив и ПСВ заврши 1-1. Холандскиот тим победи во Ајндховен со 1-0 и оди понатаму. Марсеј со 3-0 го победи Карабах на негов терен, францускиот тим со вкупни 6-1 оди во осминафиналето.