четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Патрик Виера нов тренер на Стразбур

Патрик Виера нов тренер на Стразбур

Францускиот фудбалски прволигаш Стразбур го назначи денеска за нов тренер поранешниот трофеен репрезентативец на „Триколорите“, Патрик Виера (46).

Стразбур и Виера договорија тригодишна соработка.

Виера минатата сезона на средината на јануари доби отказ во англискиот премиерлигаш Кристал Палас по серија слаби резултати.

Виера со ангажманот на клупата на Стразбур се враќа во францускиот фудбал, бидејќи од пролетта 2018 до есента 2020 годишна седеше на клупата на Ница.