четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Паулињо: Поразот од Белгија е потежок од оној против Германија пред четири години

Паулињо: Поразот од Белгија е потежок од оној против Германија пред четири години

Репрезентативецот на Бразил, Паулињо по поразот со 1:2 од Белгија во четвртфиналето на Мундијалот 2018, изјави дека поразот е потежок од оној против Германија пред четири години.

Тогаш „селесао“ отстапи со 1:7 пред Бундестимот во полуфиналето на домашното Светско првенство.

– По поразот од Германија во 2014 година се чувствував ужасно, но да го прифатам поразот од Белгија ми е дури потешко. До последната секунда се боревме, бевме подобриот тим и е ужасно дека изгубивме, рече Паулињо по средбата.

МИА