Каталонскиот гигант Барселона извлече реми во дуелот со Манчестер Јунајтед, но остана без еден од своите најдобри играчи оваа сезона.
Младиот Педри се повреди уште во првото полувреме по што мораше да замине во соблекувална, а денешните информации не се позитивни.
Барселона објави дека тој доживеал повреда на бутниот мускул на десната нога и ќе мора да паузира околу еден месец.
Неговата повреда доаѓа во исклучително незгоден период кога Барса ја очекуваат многу важни дуели во сите натпреварувања во кои учествува: домашното првенство, Копа дел Реј и Лигата Европа. Во клубот се надеваат дека ќе биде на располагање за лигашкото Ел Класико, на 19 март на камп Ноу.