Португалскиот фудбалер Педро Нето, по се изгледа, ќе го пропушти Светското првенство оваа година. Причина, повреда на лигаментите на скочниот зглоб која ја заработи минатиот викенд додека играше за Вулверхемптон против Вест Хем Јунајтед.
Клубот соопшти дека младиот Португалец мора да оди на операција. Нето досега има три настапи за Португалија и постигна еден гол.