Бразилската фудбалска икона, Пеле е повторно хоспитализиран и подложен на нова операција. Во клиника во Сао Паоло тој имал интеревенција за отстранување на камен од бубрезите.
Утрово беше направена операција за отстранување на камен од бубрезите на Пеле. Постапката помина успешно, а пациентот е сместен во неговата соба на клиниката, соопштиле оттаму.
Пеле ќе остане под медицински надзор уште некое време. Засега, неговата состојба е дефинирана како добра.
Како што е познато, 78-годишниот Бразилец неодамна имаше здравствени проблеми додека беше во посета на Париз, каде што исто така беше хоспитализиран.